Посета на рускиот амбасадор со Руската делегација во училиштето!

Дали има нешто подобро од дружење, запознавање и создавање нови врски со други училишта?

Досега СОУ Јане Сандански има соработувано со многу училишта во и надвор од Македонија. Оваа година исто така продолжува со остварување нови контакти и со негување на веќе остварените.

Неделава нашето училиште беше домаќин на делегација од Русија предводена од страна на рускиот амбасадор, г-дин. Олег Шчербак (Mr Oleg Nikolaevic Shcherbak), која беше надополнета со заменик градоначалникот на Електростал Владислав Назаров и Виталиј Шапарни, член на Советот на градскиот округ, професори од Русија и градоначалникот на општина Струмица, г-дин. Зоран Заев. Моќната технологија и технолошки средства со кои располага нашето училиште овозможија вербален и визуелен контакт на присутните гости и домаќини со градоначалникот на општина Електростал, директорот на училиштето и дел од учениците. 

На средбата беа презентирани дел од многуте познати манифестации и настани во Струмица. Исто така се спомнаа многубројните успеси на нашите ученици во различни области.

12299267_897589180294513_1308845172536633583_n

DSC_6037

СОУ Јане Сандански се надева дека ова е само почеток на македонско-руската приказна која допрва ќе се реализира.

 

 

Дел од сликите се превземени од страната на Струмица Денес и Радио СтрумицаНет