Од 19 до 21 февруари, 2016 година, во Скопје организиран од страна на НОВА- меѓународните училишта и Советот на град Скопје се одвиваше Осмата Национална симулација, Модел Европски Парламент. На истата учествуваа 20 училишта од цела Македонија, со по 3 претставници од секое. Нашето училиште достоинствено беше претставено од ученички од трета година, Љубица Поп-Трајкова, Елена Шапкова и Нина Хаџи-Котарова, предводени од проф. Виолета Николова.
Ова е четврта година откако НОВА и Холандската Амбасада го организира овој настан за учениците од средните училишта практично да го разберат функционирањето на Европската Унија.
Освен материјалите со инструкции, темите за симулацијата се добиваат помалку од еден месец пред почетокот на настанот на кој ја претставувавме Австрија, а со тоа и нејзиниот став за дадените теми во комитетите. Се работеше во три комитети:
- Комитет за животна средина и јавно здравје
- Комитет за меѓународна трговија
- Комитет за женски права и полова еднаквост
Ученичките беа поделени по комитети, од кои Нина Хаџи-Котарова во првиот, единствениот каде што исклучително резолуцијата беше одобрена од страна на т.н. Генерално Собрание. Елена Шапкова беше во вториот комитет, одлично бранејќи ја резолуцијата, а во третиот комитет Љубица Поп-Трајкова со тоа што и доби можност да одржи оригинален завршен говор за половата еднаквост.
Учениците треба да имаат познавања од ЕУ, одличен пишуван и говорен англиски и ораторски способности. Работеа интензивно три дена заедно со други делегати, каде англискиот е јазик на комуникацијата и секојдневна пракса во НОВА. Одлично се вклопија во средината.
Во исчекување сме на резултати, а засега можеме да им честитаме на делегатите за нивното успешно преставување, и да го пофалиме нивниот ментор, Виолета Николова.