Љубица Поп-Трајкова оди на Интернационален Модел Европски Парламент

Велат дека талентот не е ништо без работа, а сега овде тоа се докажа. И покрај тоа што нашата ученичка, Љубица Поп-Трајкова предводена од проф. Виолета Николова, доби можност да оди на државната симулација на МЕП, таа влезе и во првите 5 претставници на истата и се здоби со можност за понатамошно искуство на симулациите на Модел Европски Парламент.

Со активното учествување во пишувањето на резолуција, таа беше одбрана од страна на својот комитет да го одржи завршниот говор. Освен успешиот говор, таа беше одлично рангирана од страна на Генералното Собрание. Како резултат на тоа, на претставничката и е доделена можност да оди на Интернационален Модел на Европски Парламент, претставувајќи ја нашата држава!

„Подготовките за националната сесија беа долги, но доволно стекнатото знаење ме доведе до Будимпешта.“ – вели Љубица

На Интернационалната сесија учествуваат 32 држави – сите членки на ЕУ вклучувајки ги и Албанија, Србија, Македонија и Турција како земји-кандидати. Државите се поделени на две групи а во групата каде што се наоѓа Македонија има 5 комитети. Со договор на другите претставници на нашата држава, Љубица ке биде распределена во еден од комитетите:

  1. Комитет за женски права и полова еднаквост
  2. Комитет за правда и граѓански права
  3. Комитет за вработување и социјални односи
  4. Комитет за индустрија и енергетика
  5. Комитет за безбедност и одбрана

Честитки до непроценливите успеси на ученичката и нејзиниот ментор!