[ИНТЕРВЈУ] Ристе Гавровски со харизма и глас ја воодушеви Македонија

На неколку дена по одличниот настап на финалето од Кастинг Талент Шоу направивме интервју со харизматичниот и талентиран Ристе Гавровски. Тој е ученик во четврта година во нашето училиште и одвои време со нас да го сподели неговиот пат до финале и да раскаже интересни детали за шоуто кои публиката не може да ги види преку малите екраните.Тој е ученик во четврта година во нашето училиште и одвои време со нас да го сподели неговиот пат до финале и да раскаже интересни детали за шоуто кои публиката не може да ги види преку малите екрани.
15826921_943299379104227_5571597087593626828_n

1. Од каде дозна за натпреварот?
Ристе: Мјузиклот како настан посветен на Тоше Проески се најавуваше подолго време, но не знаев дека ќе се одржи во форма на македонско талент шоу кое ќе биде поразлично од другите. Концептот го привлече моето внимание, па во меѓувреме се заинтересирав и со нетрпение ги чекав официјалните датуми за аудиции.
16265176_1064714436973931_1236062515002974882_n2. Зошто се пријави?
Ристе: После неколку години ова е единственото натпреварувачко шоу кое се организира на ниво на цела Македонија. Шоуто го сфатив како одлична шанса и отскочна даска за покажување на моите способности пред јавноста.
3. Кој беше твојата најголема инспирација/поддршка?
Ристе: Секако, најпрво ќе ја спомнам нашата веќе добропозната мајка, менторка и професорка по музика – Анита Станковска која нè охрабри мене и неколку други соученици да се осмелиме на овој чекор и да се појавиме пред јавноста покажувајќи ги нашите способности без разлика како ќе се заврши. Секако тука беа и најблиските роднини од мојата потесна фамилија кои ме охрабрија и веруваа во моите способности и гордо стоеја зад мојот грб во целиот овој период. И најмалку смеам да ги заборавам сите соученици и пријатели кои беа најголемите мотиватори во етапите од шоуто, а во меѓувреме и неуморна, најприметлива и најгласна поддршка.
kropirana4. Како изгледаа вечерите пред големите настапи?
Ристе: За разлика од почетните фази на натпреварувањето, полуфиналните и финалните вечери се одржаа во прекрасниот амбиент на Македонскиот народен театар. Пред големите настапи кај секој од нас проработуваше одговорноста, а и нескротливата желба да се излезе на сцената и да се ослободи енергијата преку песна. Еуфоријата ја надополнуваше публиката која чекаше пред вратите на салонот. Одново сфаќаш дека бројната техничка екипа составена од многу професионалци е тука да овозможи наше најдобро претставување. Сето тоа предизвикуваше позитивна трема.
5. Дали очекуваше влез во финале?
Ристе: Единствената замислена цел ми беше да се претставам во најблескавото светло што го умеам, без калкулации дали моето натпреварување ќе заврши на самиот почеток или при крајот.
6. На што мислиш додека пееш?
Ристе: Хаха, интересно прашање. Секоја песна има своја енергија која прво изведувачот треба да ја почувствува за да може подоцна да и ја пренесе и на публиката. Публиката е огледало на самото пеење. Таа аплаудира кога ќе успеете да допрете до нив со вашата енергија, а токму аплаузот е нивото кое сакаме да го достигнеме со пеењето. Аплаузот е дури и виновник за уште подобра интерпретација во продолжетокот на песната. Да поедноставам: секогаш се трудам да останам фокусиран на емоцијата и квалитетот на тонот кој го произведувам, a токму тоа ми е извор на енергија на сцената.16251986_10208370550038120_5924050126384932885_o
7. На кој начин го искористи искуството од школските настапи за да се пласираш до финале на национален музички проект?
Ристе: Училишните проекти кои досега ги имаме реализирано беа огромно искуство кое ми овозможија да научам да се справам со сцената, тремата, публиката, ставот и сите недостатоци кои ги имав при моето интерпретирање на сцена. Искрено, можам слободно да кажам дека токму тие настани беа пресудни за да го постигнам овој успех, бидејќи сцената особено со жири кое треба да ти суди е место кое од изведувачот бара одговорност и концентрација на највисоко ниво.
8. Како реагираа твоите професори по музика кога дознаа за твојата одлука да се докажеш на национално ниво?
Ристе: Како што реков претходно, професорката Анита Станковска ја поттикна и поддржа нашата одлука и ни беше на располагање во секој момент како „пробно жири“. Секогаш кога имавме потреба ни помагаше со своите стручни совети и затоа имаше голема улога во целиот постигнат успех.
????????????????????????????????????9. Која е најпозитивната работа што ја стекна со шоуто?
Ристе: Најголема добивка се пријателствата кои се родија меѓу нас учесниците. Никогаш претходно не ни помислував дека за толкав краток период ќе се стекнам со толку многу пријатели. Сите бевме таму со главна цел – да ги покажеме нашите вокални способности пред јавноста, но во меѓувреме преку дружбата споделувавме и размислувања, ставови, критики, музички предлози и идеи. Иако пред публиката се претставувавме како конкуренти сепак меѓу нас несебично споделивме и научивме многу нови работи во музиката. Благодарение на стручното жири и менторите научив како да се справам со моите слабости на сцена. И пред сè научив да ја ценам конкуренцијата.
10. Што би им порачал на другите солисти и на идните кои допрва ќе дојдат? 
Ристе: Секогаш да веруваат во себе и во своите способности. Најважно од сè e да вложат голем труд и да бидат активни во континуитет и посветени на тоа што го работат. Во тоа е и клучот на успехот. Секој има свои 5 минути – искористете ги максимално!
13094241_1701455133466840_3370729306119092069_n