Нашето училиште, и оваа година, учествуваше на единствената олимпијада по експериментална физика во Европа, па и пошироко. Овогодишната олимпијада се одржа на Универзитетот Св. Климент Охридски и беше по повод Ден на електронот и како таква имаше за цел – определување на Boltzmann-овата константа.
Олимпијадата се состоеше од голем број последователни чекори поделени во четири категории според возраста на учесниците и тоа S, M, L, XL. Секој натпреварувач, индивидуално треба да ги следи и решава чекорите.
Како успех од нашето училиште – Митко Ников ја доби третата награда во категоријата М (I и II година). Но, нашето училиште го подржа и Димитар Џорлев кој е се уште во деветто одделение, а кој ја доби првата награда во категоријата S (до деветто одделение).
Сите ученици од нашето училиште беа под менторство на професорот по Физика – Ванчо Белчовски.
“Организаторите навистина се потрудиле да овозможат, за прв пат, комерцијално и прецизно мерење на Boltzmann-овата константа со еден уникатен уред кој детално го анализиравме како електроинженерски инструмент.” – вели Митко Ников.
Им честитаме на успесите, воедно им посакуваме уште многу во понатамошното образование.