Прва и трета награда на петтата Олимпијада по Експериментална Физика

Нашето училиште, и оваа година, учествуваше на единствената олимпијада по експериментална физика во Европа, па и пошироко. Овогодишната олимпијада се одржа на Универзитетот Св. Климент Охридски и беше по повод Ден на електронот и како таква имаше за цел – определување на Boltzmann-овата константа.

Олимпијадата се состоеше од голем број последователни чекори поделени во четири категории според возраста на учесниците и тоа SMLXL. Секој натпреварувач, индивидуално треба да ги следи и решава чекорите.

Како успех од нашето училиште – Митко Ников ја доби третата награда во категоријата М (и II година). Но, нашето училиште го подржа и Димитар Џорлев кој е се уште во деветто одделение, а кој ја доби првата награда во категоријата S (до деветто одделение).

Сите ученици од нашето училиште беа под менторство на професорот по Физика – Ванчо Белчовски.

“Организаторите навистина се потрудиле да овозможат, за прв пат, комерцијално и прецизно мерење на Boltzmann-овата константа со еден уникатен уред кој детално го анализиравме како електроинженерски инструмент.” – вели Митко Ников.

Им честитаме на успесите, воедно им посакуваме уште многу во понатамошното образование.

Групна слика од учениците кои учествуваа на натпреварот со нивните професори пред Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“
Групна слика од учениците кои учествуваа на натпреварот со нивните професори пред Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“