На овогодинешниот карневал, СОУ „Јане Сандански“ се претстави со маската „Волшебна шума“. За изработката на истата беа потребни околу два месеци, а освен костимите, во кореографијата учествуваше и алегориско возило. Маската ја подготвија ученици заедно со професорите и други членови на персоналот, но истата не би се реализирала без помош на нашите спонзори и пријатели.
Превозничката фирма Ринет од Струмица, фирмата за текстил Супер хит Радовиш и железарата и продавница за бои, лакови и слично Ростер финансиски ја поддржаа изработката на маската, текстилната компанија Ла Дама се погрижи за крилјата и цвеќињата кои беа дел од костимите, а за конструкцијата и изработката на алегориското возило помогнаа фабриката за производство на мебел Савело и фирмата Ростер.
СОУ „Јане Сандански“ упатува јавна благодарност до овие компании со желба за понатамошна соработка.