Доделена наградата на „Волшебна шума“

Свечено вчера во Центарот за култура во Струмица беше доделена првата награда од категорија А од овогодинешниот Струмички карневал на маската на нашето училиште, „Волшебна шума“.

Претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов вчера ја врачи првата награда од категорија А на директорката Невенка Стојанова и неколкуте присутни претставници на овогодинешната карневалска маска на нашето училиште, „Волшебна шума“.

Оваа награда маската ја стекна откако седумчлената жири комисија на карневалот одлучи да даде вкупно 65 бодови за истата, а со тоа таа стана една од најдобрите маски на овогодинешниот карневал. Наградата која ја добива маската е во висина од 1.000 евра во денарска противвредност.