Учениците од Обровац беа дел од Струмичкиот карневал

Нашето училиште викендов беше домаќин на учениците и професорите од збратименото средно училиште од гратчето Обровац близу Задар, Хрватска. Тие учествуваа на маскенбалот и карневалот во петок и сабота каде се претставија маскирани како пирати.

По трет пат учениците и професорите од средното училиште во Обровац беа гости на нашето училиште. Овој пат тие допатуваа до Струмица со својата маска „Пиратите од Зрмања“ и зедоа учество на овогодинешниот карневал.
На својот настап, учениците од Обровац ја претставија приказната за пиратите од Зрмања, река која минува низ нивниот град.
Низ целата нивна посета тие беа сместени кај наши ученици и професори, а во слободното време имаа можност да се запознаат со убавините на струмичкиот регион.
„Во слободното време ние како добри домаќини им овозможивме одблиску да се запознаат со убавините на регионот, да пробаат традиционална македонска храна и да ја почувствуваат карневалската еуфорија“ – рече директорката Невенка Стојанова.

Пред заминување, директорите на училиштата разменија подароци и најавија дека соработката помеѓу двете училишта ќе продолжи со тоа што кон крајот на мај годинава, ученици и професори од нашето училиште ќе бидат во посета на Задар и ќе имаат прилика да учествуваат на фестивал на екстремни спортови.

Претходната вест за Средното училиште Обровац може да ја видете овде.