Стојанова: Огромна е радоста на колегите и учениците кои неуморно работеа

На овогодинешниот Струмички карневал, СОУ „Јане Сандански“ се претстави со маската „Волшебна шума“. Жири комисијата на карневалот даде вкупно 65 бодови за нашата маска и со тоа истата беше првонаградена во категорија А.

„Огромна е радоста што имав можност да ја споделам со колегите и учениците кои со недели неуморно работеа и ја пренесоа магијата од нивните креативни умови и раце на струмичкиот плоштад. Нема поголемо задоволство од тоа да ги видиш насмеаните лица на децата и нивните родители. Затоа сметам дека наградата отиде во вистински раце. На сите учесници им благодарам и со нетрпение очекувам да видам со што ќе изненадат наредната година.“ – рече директорката на СОУ „Јане Сандански“, Невенка Стојанова.