Традиционално, јубилејот 25 години матура премиерот Зоран Заев и неговите соученици од генерацијата 1989-1993 година го прославија со одржувањето на класен час и потсетувањето на средношколските години поминати заедно, а вечерва е и нивната матурска забава во еден од угостителските објекти во Струмица.
Овој месец низа генерации кои завршиле пред 5 години, па сè до 50 години, го слават јубилејот од нивното завршување на средното образование. Со седнувањето на училишните столчиња во една од училниците на училиштето каде што денес учат новите генерации, тие се потсетија на своите училишни денови поминати во струмичката гимназија.
На јубилејот на неговиот клас IV-1, премиерот Зоран Заев седна на училишното столче заедно со своите соученици од училишните денови и со нивниот класен раководител, пензионираната професорка Билјана Витанова си кажаа кој што е денес, по 25 години, а потоа дружбата ја продолжија на кафе муабет. Вечерва пак е нивната матурска забава.