“Getting to know each other better” (Да се запознаеме подобро) е насловот на првата од неколку предвидени интернационални средби, која ќе се одржи во Виченцa, Италија, од 16-23 ноември. Среќни сме што и нашето училиште ќе земе учество со свој тим на претставници, како партнер во новиот КА2 проект за добри искуства. Координатор на проектот е училиште од Романија, а освен нашето училиште, партнери се и училишта од Турција, Германија, Италија и Естонија, а проектот е целосно финансиран од Европската Унија.
Овој проект ќе се имплементира две години, а главни теми на кои ќе се работи е да се препознаат мултикултурата, разновидноста и интеграцијата како најважни предизвици на денешницата во Европа. Во се поразновидните и мултикултурни општества, луѓето се соочуваат со двојна ситуација: да бидат во можност за длабока интеграција или пак да го сочуваат нивниот културен/етнички идентитет. Постојат потешкотии во училишниот систем за интеграција на ученици од малцинствата, бегалци со различни позадини, не познавање на јазикот , недостаток на компетенции и важни вештини. На повеќето ученици им недостасуваат комуникациски вештини да ги надминат овие проблеми, при што се соочуваат со недостаток на самодоверба, проблем со идентитет, разлики меѓу учениците од мнозинства и малцинства. Целта на проектот е да се надминат овие разлики и младите да станат свесни за можноста да живеат заедно и да се надополнуваат во своите различности, стварајќи нови вредности и нераскинливи пријателства.
На првата средба, учесниците ќе се запознаат меѓусебно, преку приготвените презентации за државата, градот, училиштето на секој од партнерите. Пред средбата, учениците под менторство на професорите треба да изготват лого за проектот. Изготвените логоа ќе ги се презентираат, а за најдоброто лого ќе се доделува награда. Тоа всушност ќе биде и официјално лого на проектот, кое ќе се користи за целите на истиот. Ќе се одржат неколку работилници за учениците и наставниците, каде ќе се дадат идни насоки за работа во училиштата. Потоа ќе се оформи клуб во нашето училиште кој ќе работи на оваа тема.
Ние учествуваме со ова лого изработено од наши ученици.
Да им посакаме плодна и успешна работа, со желба за успешно претставување на нашето училиште и држава !