Во рамките на проектот „Ученички иницијативи„ кој се спроведува во соработка со Македонски центар за граѓанско образование МЦГО, во нашето училиште беа реализирани низа активности во месец ноември. На 06.12.2021 година се одржа завршната активност со која што беше одбележан Денот на граѓанското образование во нашето училиште. Истиот беше организиран со штанд за храна кој имаше хуманитарен карактер. Парите собрани на истиот ќе бидат донирани. Ментор на сите активности беше професорката Дончева Борка