Од 9ти до 13ти мај 2022 година се реализира претпоследната мобилност од Еразмус + проектот „Multiculturality, diversity, integrity- equal opportunities for everyone“. На мобилноста учество земаа нашите ученици Ана Стојкова, Јована Костовска, Александра Тошева, Мите Илиев, Дамјан Зимбаков и Илија Кончалиев. Нашите ученици се претставија во одлично светло во сите активности, а особено во дебатите на тема „Третман на малцинствата во вашата држава“, „Дали веронауката треба да биде редовен дел од наставата?“ и други. Тие исто така имаа можност да посетат многу знаменитости во Естонија, како што се Палатата Томпеа, Тврдината Раквере, Музејот „Зошто Естонија?“ и многу други. Последната мобилност од овој проект ќе се одржи во Турција, во градот Адана.