Биологијата сепак најдобро им оди на гимназијалците!

Викендов се одржаа голем број на натпревари, а еден од нив беше и Регионалниот натпревар по биологија.

bio

Натпреварот по биологија се одржа во нашето училиште и го опфаќаше регионот на југоисточните училишта. Учество на натпреварот зедоа ученици од училишта од Радовиш, Валандово, Гевгелија, Богданци и Струмица.

Учениците од нашето училиште ги зедоа речиси сите награди и дел од нив се здобија со право на учество на републичкиот натпревар по биологија!

Во категоријата за прва година нашите ученици ги зедоа сите награди. Ученичката Ева Танчева е првонаградена, додека ученичката Ивана Јованова е второ место, а трето место е Анастасија Василева. Трите ученички се под менторство на професор Василка Хаџи Котарова.

Ученикот од втора година Панче Божиков го зеде второто место под менторство на професор Братица Милкова.

Учениците од трета година од кои Божанка Ристова го зеде првото место, а Лазе Георгиев го зеде второто место, беа повторно под менторство на професор Василка Хаџи Котарова.

Од сите ученици во четврта година, сите награди повторно отидоа кај учениците од нашето училиште. Ема Атанасова се здоби со прва награда, Јулијана Јовева со втора награда, а Ана Атанасова ја доби третата награда. Ученичките се под менторство на проф. Братица Милкова.

Честитки до учениците и нивните ментори и со среќа понатаму!