Четири матуранти со Платинум награда на Cyberfair 2016

UntitledНајвисока – Платинум награда (Прво место) за четирите матуранти кои напорно работеа за Интернационалниот Cyberfair Натпревар 2016 .

Учениците ја изработија web страната со наслов: „ Младиот дух на старата Земја “ во категорија за средношколци на тема : Локална уметност и музика. Сајтот може да го погледнете тука, пропратен со тематска музика : http://janesandanskihighs.wix.com/enthusiastic-land.

Честитки до Ана Тодорова, Никола Тошев, Александра Манзаклиева и Николина Туџарова, кои работеа под менторство на проф. по информатика м-р Софија Тошева.

Нека нивната иднина биде блескава како оваа награда, со желби за уште поголеми успеси!

За натпреварот:
Овој натпревар е под покровителство на Белата Куќа, ги охрабрува младите луѓе да бидат амбасадори на својата локална заедница, да работат во тимови и користејќи технологија да го презентираат своето креативно истражување на една од темите: Локални лидери, Бизнис и локални заедници, Локални групи и посебни заедници, Историски знаменитости, Локални специјалитети, Локални атракции, Свест за околината, Локална музика и уметност. Оваа година натпреварот опфаќаше тимови од 128 училишта, а истиот претставува најдолг активен Интернационален настан од ваков вид.