Тројца ученици со награди од Државниот натпревар по математика

На овогодинешниот 61-ви Државен натпревар по математика кој се одржа на Машинскиот факултет во Скопје, ученичката Симона Златанова од I година освои трета награда, ученикот Дмитар Звонимир Митев од III година освои втора награда, а ученичката Сара Карачанакова од IV година се здоби со трета награда.

Преку постигнувањата на овој натпревар, ученикот Дмитар Звонимир Митев од III година се здоби со право за учество на Македонската математичка олимпијада која ќе се одржи во Скопје на 13 април.