Од 5 до 7 декември делегација од пет професори по Математика и десетина ученици – добитници на златни медали на натпреварот „Математика без граници“ предводени од директорката Невенка Стојанова престојуваа во градот Банско во Република Бугарија каде што зедоа учество во низа активности.
Десет ученици од нашето училиште кои се добитници на златни медали од натпреварот „Математика без граници“ кој беше организиран од Министерството за образование на Република Бугарија а во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија учествуваа во работилница „Мојата животна линија“ каде што заедно со ученици од гимназијата во Банско разменија свои искуства и идеи.
Додека пак, директорката Невенка Стојанова имаше средба со д-р Милен Врабевски, чија фондација „Бугарска памет“ организира натпревар на тема „Коридор 8“ кој ќе се одржи во месец февруари во Софија, а на која ќе учествуваат неколку тимови од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица.
Во меѓувреме, на 7 декември групата имаше прилика да присуствува и на одбележувањето на годишнината од раѓањето на поетот Никола Вапцаров во неговиот роден град.