На четвртата Интернационална Геометриска Олимпијада (ИГО), што се одржa на 07.09.2017 година и на која учество зедоа голем број учесници од 44 земји од светот натпреварувајќи се во три нивоа – почетно, средно и напредно – нашата гимназија за прв пат зеде учество и постигна голем успех. Имено, нашиот ученик од трета година, Дмитар Звонимир Митев, под менторство на проф. Елена Лазарева, се натпреваруваше во категоријата на напредно ниво и се здоби со пофалница, која е највисока награда во таа категорија во нашата држава. Ова е престижен резултат кога станува збор за меѓународна математичка олимпијада на која учество земаат веќе докажани математичари, прваци на натпреварите по математика не само во своите држави, туку и на други меѓународни олимпијади. Годинава во оваа категоријата учество зедоа вкупно 1193 натпреварувачи од сите континенти.
Упатуваме честитки до Дмитар Звонимир и до неговата менторка проф. Елена Лазарева и им посакуваме уште многу успеси понатаму!