Дваесетина ученици се запознаа со традицијата на матурантите од „Корчагин“

Преку забавно уметничка програма и со оддавање признание на професорите кои им предавале во текот на нивното четиригодишно образование, традиционално се одржа петтата јубилејна „Корчагинска просветителка“ на матурантите од скопската гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“ која ја следеа и дваесетина наши ученици.

На петтата јубилејна „Корчагинска просветителка“ – манифестација на учениците од четврта година во СУГС Гимназија  „Раде Јовчевски – Корчагин“ – Скопје која се одржа на 23 март, гостуваа и 20 ученици од втора и трета година од нашето училиште заедно со директорката Невенка Стојанова. Организаторите на настанот приредија статус на „почесни гости“ при што нашите ученици имаа можност да ја следат манифестацијата од ВИП ложата на Македонската филхармонија.

Учениците беа сведоци на главниот чин на оваа манифестација на скопската гимназија – оддавањето признание на вработените и сите професори кои им предавале изминатите четири години, заблагодарувајќи им се за стекнатите знаења, вештини и способности. По завршувањето на манифестацијата, нашите ученици имаа прилика да се дружат и беа гости во домовите на нивните врсници во Скопје.

ФОТОГАЛЕРИЈА (Коки Ќосев)

598 Вкупно 2 Денес