Наставниот кадар во нашето училиште преку разни проекти се труди максимално да оствари попрофесионална комуникација и ширење на знаењата преку можностите кои ги нуди ерата на интернетот. Еден таков проект е Е-УЧИЛИШТЕ (клик за да отворите).Доколку не сте знаеле, веќе трета години, гимназијалците кои го изучуваат предметот информатика кај професор Софија Тошева имаат можност да ги користат бенефитите на оваа светски признаена електронска платформа којашто е своевиден предвесник на екстерното електронско тестирање.
Накратко, тоа е слободна платформа (која има и комерцијално издание) прилагодена за средношколски потреби зад чие финансиско одржување и комплетен македонски превод стои професорката Софија Тошева.
Учениците на e-училиште може меѓусебно да си помагаат и да бидат ментори еден на друг. Секој се прилагодува на своите потреби и желба за учење. Професорката пак, може да ја следи активноста на секој ученик посебно според тоа колку време го користеле системот.Со опција за праќање проекти и задачи се добива оценка која системот сам ја изведува според претходно зададените критериуми од професорот и со тоа се избегнува и субјективноста.
Вакви системи (како Moodle) ги чекаат учениците на сите факултети за информатички технологии, а општо и на многу универзитети.
„Сите мои истражувања во однос на користењето на ваков систем за адаптирано
учење се покажаа позитивни за постигањата на учениците. Лесно се прават споредби од успехот на класови кои користеле и не го користеле системот. Исто така, додатната литературата и линкови кои ги предлага професорот на талентираните ученици им овозможуваат надградување и успех на натпреварите “, раскажува професорката Тошева за досегашните искуства.