Едукативна посета на Златара Златко

Учениците од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица од еконската правна и трговска струка, на 15.11.2017 година, направија едукативна посета на Златара Златко, под менторство на професорката по економска математика Тања Танчева, присуствуваа на посетата околу 20 ученици и имаа можност да влезат во реалниот свет на образованието, поставувајќи прашања, соодветно материјалот кои го изучуваат по програмата за работа и добивајќи конкретни и брзи одговори од професионалците во областа на златото,среброто и другите благородни метали.

Оваа е само еден од многуте успешни примери за соработка помеѓу СОУ „Јане Сандански“-Струмица  и приватниот сектор, ја користиме можноста да им изразиме благодарност за топлото добредојде о0д страна на домаќините, со надеж за уште подобра и поголема соработка.