Економистите со превез на очите си шетаа низ дворот

Овој петок, 5 април 2013, економистите од трета година имаа еден специфичен час на којшто се подготвуваа за вработување и работа. prevezУчениците беа поделени во две групи: едните беа водачи (лидери), а учениците од другата група имаа превез и беа водени од своите водачи (партнери). Се презентираа две спротивни ситуации. Во првата ситуација водачите добија инструкции правилно да ги водат своите партнери т.е. да им даваат правилни насоки на движење, да покажат грижа и трпение. Во втората ситуација улогите беа сменети, а новите водачи имаа инструкции да дават погрешни насоки и да не комуницираат со партнерот кој го водат.

По активноста се поттикна дискусија за впечатоците кои ги ги имаа двете групи и се извлече заклучок за важноста на довербата.

Вежбата која ја изведуваа учениците насловена како „Прошетка низ животот“ е дел од серијата активности на проектот „Подготовка за вработување и работа“ во кој се ангажирани учениците од економската струка. Целта на оваа активност е учениците да:
* ја развиваат меѓусебната почит,разбирање и емпатија едни према други;
* развиваат комуникациски вештини – поконкретно, развивање на довербата.

Водени од професор Полина Ашикова учениците научија дека довербата се развива преку добра комуникација, покажување грижа, сигурност, давање насоки, отворен дијалог. Доколку недостасуваат некои од претходните елементи, тогаш довербата се губи.