СОУ Јане Сандански на 29-30 Август беше домаќин на четвртиот состанок на Еразмус+ проектот STEMbot . На состанокот беа присутни претставници од проектните партнери од Франција, Белгија, Португалија, Словенија и Естонија, како и тимот професори од нашето училиште кое работи на проектот.
Се продолжува со развој и имплементација на елементите од СТЕМ образованието преку соодветните видео експерименти, лекции и квизови за проверка на знаењето со употреба на виртуелен консултант – chatbot.
Во моментот се реализира тест фазата, во која учениците ќе може да ги пробаат експериментите, да научат од лекциите, да одговорат на интересни прашања од квизот преку директна комуникација со четботот базиран на Фејсбук или Инстаграм.
Преку веб страната на проектот stembot.eu секој има можност да пристапи до материјалите, и да отпочне комуникација со четботот наречен STEMbot.