Во рамките на третата мобилност од проектот From Disability to Visibility поддржан од програмата Еразмус +, се одржа дебата на тема „Инклузивните практики во образовните системи на Северна Македонија, Романија, Грција, Италија и Србија. Дебата се одржа во Младинскиот совет при Општина Струмица, а домаќин на истата беше СОУ „Јане Сандански“- Струмица. Освен претставниците од земјите гости и училиштето домаќин, на дебатата свое излагање имаа Спасе Додевски, советник во Владата на РСМ, Нела Масалковска, претставник од Секторот за локален економски развој при Општина Струмица, Мери Туџарова, претставник од невладиниот сектор и советник во Советот на Општина Струмица и Тања Црвенковска, специјален едукатор и рехабилитатор во ООУ „Видое Подгорец“.