04-09.04.2022 СОУ„Јане Сандански“ беше домаќин на мобилност во склоп на Еразмус + проектот на тема “Multiculturality, diversity, integration- equal opportunities for everyone” во кој учествуваа ученици и професори од Романија, Германија, Италија, Турција и Естонија. Пречекот беше традиционален – во народна носија учениците од нашето училиште ги пречекаа гостите со чурек и локум. Во овие неколку дена сите учесници активно работеа со цел да ги претстават културата и традициите на својот народ и секако да ги запознаат и оние на останатите народи, а сето тоа го остварија преку најразлични презентации, демонстрации на обичаи и обреди, креативни работилници, интерактивни квизови и игри и прошетки низ нашиот град. Дел од активносите беа и посета на главниот град Скопје како и Europe House и Градоначалникот на Општина Струмица.