Гимназијалци дел од меѓународен училишен проект за програмирање

Нашето училиште е дел од проектот Пробот којшто е во рамките на програмата на Европската Унија Еразмус Плус и Клучна акција 2 во кој учествуваат училишта и од Полска, Грција, Литванија, Словенија и Италија. Околу 25 ученици со помош на шест професори преку овој проект ќе учат да програмираат со помош на роботот Лего Мајндсторм ЕВ 3.

„Во рамките на проектот учениците изведуваат експерименти и го програмираат роботот, а професорите треба да изработуваат лекции кои понатаму ќе се користат во отворена платформа која ќе можат сите наставници да ја користат. Практично, шестте училишта ќе имаат веб-страница и сите тие ресурси ќе можат да се користат од професорите и учениците“ – изјави координаторот на проектот за Македонија, Софија Тошева.

Во проектот се вклучени повеќе предмети од природните науки меѓу кои Математика, Информатика и Физика, а со помош на програмирањето на роботот, учениците ќе можат да се надоврзуваат и да го користат своето искуство и во експерименти и задачи од спомнатите предмети.

Откако е купен, роботот имал 6 сензори но истиот сега е надограден и има околу 12 сензори за температура, светлина, детектирање на движење и други.
Откако е купен, роботот имал 6 сензори но истиот сега е надограден и има околу 12 сензори за температура, светлина, детектирање на движење и друго.

„Учениците работат во програмскиот јазик Пајтон кој тие не го изучуваат во средното образование, туку со наша помош и се разбира со нивните огромни предзнаења успеваат да ги решат проблемите кои им се зададени и доста добро се справуваат со досегашната работа“ – рече професорот по Информатика, Бобан Цветковиќ.

Самиот проект започна во месец ноември минатата година а треба да трае 3 години. Носител на проектот е Полска, каде веќе се одржа еден од шестте работни состаноци помеѓу координаторите и професорите од училиштата вклучени во проектот. Истиот чини околу 250,000 евра, а за своите потреби СОУ „Јане Сандански“ ќе добие 24,000 евра.

Јазикот за програмирање на роботот е Пајтон, но истиот не е дел од образовната програма на средните училишта во Македонија, па така учениците со помош на своите професори го изучуваат и овој програмски јазик.
Јазикот за програмирање на роботот е Пајтон, но истиот не е дел од образовната програма на средните училишта во Македонија, па така учениците со помош на своите професори го изучуваат и овој програмски јазик.

„Овој проект може да најде навистина огромна примена. Користиме некаде околу 12 различни видови на сензори. Во исто време учениците учат Математика, Програмирање, но и практично ја проверуваат Физиката, не применуваме само теорија туку правиме и експериментална проверка на формулите и другото теориско учење“ – вели професорот по Физика, Ванчо Белчовски.

За учениците кои учествуваат во проектот, тој е навистина корисен и преку истиот може многу повеќе да се надоградат во нивните области на интерес. Во нивните познавања сега може да се додаде и програмскиот јазик Пајтон кој не е дел од образовната програма на средните училишта во Македонија. Тие се надеваат дека во иднина со овој робот ќе може да учествуваат и на натпревари за програмирање.