На плоштадот учениците импровизираа ликовна колонија во склоп на низата активности кои денес, 21 март, се одржаа по повод почетокот на пролетта.
Денешното сликање во природа беше соработка на учениците од прва година од нашето училиште и осмо одделение од основното училиште „Маршал Тито“. Учениците со различна етничка припадност имаа можност да се дружат и да разменуваат искуства.
Денешното сликање во природа беше само една фаза од големиот проект на USAID за меѓуетничка интеграција којшто се спроведува во којшто е вклучена и нашата општина заедно со Тетово, Битола и Бутел, а ќе трае четири години.
Дел од спроведените активности во склоп на проектот се и обуките на наставниот кадар во јануари, изработка на филм врз база на истражувања во локални компании.