Математички КЕНГУР натпревар

Утре ќе се одржи познатиот натпревар по математика насловен КЕНГУР којшто ги опфаќа учениците од основното и средно образование.kengur1Сојузот на математичари на Македонија е организатор на натпреварот поддржан од Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Годинешниот КЕНГУР е планиран да се одржи на 21.03.2013 година со почеток во 11 часот во просториите на нашето училиште.

Право на учество имаат сите заинтересирани ученици кои се пријавија кај своите професори во текот на изминатата недела.

Учениците ќе се натпреваруваат во две категории: прва и втора година – во една, трета и четвртва година – во втора категорија.

Многу среќа и успех на сите натпреварувачи!