Средношколците пишуваа есеј за Мартин Лутер Кинг

Утре, 19 март, неколкумина ученици од нашето училиште заедно со своите ментори ќе присуствуваат на јавен настан во чест на Мартин Лутер Кинг на Универзитетот Американ колеџ во Скопје.luterПод покровителство на Амбасадата на САД во Скопје, Факултетот за политички науки при Универзитетот Американ колеџ и Здружението за подобро образование организираат натпревар за најдобар есеј. Првата фаза (пријавувањето) заврши на 22-ри февруари.

Право на учество имаа учениците од трета и четврта година кои пишуваа на тема „Имам сон“ во чест на 50-годишнината од легендарниот говор на Мартин Лутер.

Учениците пишуваа свои есеи под менторство на професори по англиски јазик, историја, социологија, етика, филозофија или граѓанско општество. Сите пријавени утре патуваат во Скопје каде што ќе бидат доделени прва, втора и трета награда кои ќе се состојат од посебен сертификат и вредни книги. Авторот на првонаградениот есеј ќе добие и електронски читач за книги „Киндл“, а сите ученици и професори ќе добијат сертификат за учество.