Карневалската поворка обоена во среќа

Околу 150 ученици и професори од нашето училиште беа дел од маската „Боите на среќата“ на годинашното издание на Струмичкиот карневал.boiДолгата поворка која се движеше по маршрутата од булевар Маршал Тито, ул. „Ленинова“, ул. „Благој Мучето“ до плоштад „Гоце Делчев“ ја збогатија виолетови, сини, зелени, розеви, жолти цвеќиња.

Тоа беа нашите учесници кои дефинитивно ја претставуваа најмасовната маска на карневалот. Минусните температури беа пречка за целосно уживање, но нашиот тим го претстави трудот и сработеното со насмевка на лицата.

„Да нема веќе лица тажни, зашто во животот сите сме важни…“, Калајџиев ја започна најавната песната при пристигнувањето на нашата маска. Цвеќињата кои ги претставуваа боите на среќата ја одиграа својата кореографија на познатиот хит Tacata.