Со средношколски маскенбал започна карневалската еуфорија

Синоќа во клуб Платинум средношколците од средните струмички училишта се забавуваа во ист ритам.maskenbalСè што нè радува и сплотува треба да се негува. Така и традиционалната забава за средношколци која ги собира на едно место сите кои уживаат во духот на маските.

Синоќа видовме божици, скелети, доктори, затвореници, цигани, фудбалери, мајстори, хипици, лижавчиња, лавици, кловнови, морнари, полицајци, шеици, пирати…

ФОТОГАЛЕРИЈА (албумот ќе се збогатува во текот на денот)

Добра музика, разиграна забава и весели маскирани лица на едно место . После полноќ беа доделени и традиционалните награди за групна маска, поединечна и принц и принцеза на вечерта.

Меѓу наградените беа божиците, скелетите, магионичарите, волшебничката…

Карневалската треска продолжува и утре со големи маскенбали, а во сабота со почеток во 17:00 часот е главната карневалска вечер кога илјадници маски ќе продефилираат низ струмичките улици.

Нашите „Бои на среќата“ се подготвени за уште едно одлично претставување на Струмичкиот карневал.