Гласот на Марија Јанушева

Текст на Марија Јанушева – ученик во четврта година                                                                                   Да учиме… или да учиме?

Како средношколец пред „пензија“ со искуство на одличен ученик, постојано добивам критики од домашните, божем, што е со хаосот (хаотичниот распоред) од  книги и прибори. Што знаат тие од уметност, а? Книга врз монитор, една на маса, втора на фотеља, трета под перница (пред да си легнеш, за утредента да ја имаш научено лекцијата. Магија луѓе, работи!). За оние кои не веруваат во магија, еве ви совет за учење: Земаш книга, ја отвораш и читаш. As simple as that. Aко не ти се учи, не грижи се. Секогаш има втора варијанта, на пр. да станеш глумец.

Ама ние знаеме и тоа што не знаеме! Си стасал до втора година, учиш за делба на клетката и мислиш дека си ја открил тајната на животот; учиш историја/географија и уште мислиш дека Земјата е стара 6.000 години; математика си решил некоја задача од типот „789 поделено со краци“ и веднаш седнуваш на тронот на вообразеноста дека во никој случај нема да те прелажат во продавница; учиш странски јазик и веднаш напаѓаш некој со pickup lines или изведуваш If you could only see – едитирана верзија; учиш хемија и омилен хемиски процес ти е растворање Step во вода; учиш програмски јазици, си решил задача… и се обидуваш да го „хакнеш“ системот на училиштето итн.

И кога ќе ги разделат евидентните листови со оценките, прво татко ти го прашуваш дали умее да пишува во темница. А зошто? За да се потпише мижејќи.

Наравоучение: Учете деца, ќе ви се најде!