Хорот и бендот се пласираа на државните музички смотри

Хорот и бендот на нашето училиште во четвртокот учествуваа на Регионалните смотри на хорови и оркестри во Домот на АРМ и успешно се пласираа за учество и на државниот натпревар кој ќе се одржува во Кавадарци. Тие се меѓу трите училишни хорови, оркестри и бендови од регионот кои ќе учествуват на државниот натпревар.

Во четвртокот се одржаа Регионалните смотри на хорови и оркестри каде учествуваа околу 400 ученици од училишта од Струмичкиот регион, а на истите се натпреваруваа и нашиот хор како и бендот кои од вкупно 16 училишта беа меѓу трите кои добија доволно поени од стручното жири за учество на државниот натпревар.

Од вкупно сто можни, хорот под менторство на професорката Анита Станковска, како и бендот под менторство на професорот Денис Кирчанов добија по 98 поени од стручното жири. Инаку ова претставува регионален музички натпревар, а државниот натпревар пак ќе се одржи на 11 и 12 мај во Кавадарци.