Третата награда на струмичкиот карневал им припадна на маска со реден број 605 „Боите на Бојата“ од нашето училиште.
Инспирација за овогодишната маска на СОУ ,,Јане Сандански”, беше црно-белиот начин на гледање на светот. Сакавме да покажеме дека многу поубаво и многу повесело ќе биде ако светот го обоиме во најразлични бои, затоа костимите ги направивме виножито од бои. На тој начин, преку таа смела мешавина од палета нијанси сакавме да ја развеселиме публиката и да ја пренесема оваа смелост на сите. Наше мислење е дека младоста и убавината ја имаат таа храброст да го обојат светот во хармонија и да го направат весело и убаво место за живеење.