Три државни награди во пишување есеј на Француски јазик

На натпреварот за есеј под тема „Дали зборување на француски јазик е предност за твојата иднина“ учествуваше нашето училиште на Регионално и Државно ниво постигнувајќи извонредни резултати.

20160314_095540

Регионалниот натпревар одржан на 18 февруари оваа година беше проследен со Државен натпревар на 9 март. Одличните резултати од регионалниот натпревар, на кој Мила Калајџиева, Солунка Јовова и Алма Усеин се здобија со прва втора и трета награда редоследно во конкуренција од триесетина учесници во регионот опфатен со Радовиш, Струмица и Валандово, им овозможија на ученичките своите беспрекорни есеи без проблем да ги дотуркаат до републичко ниво.

На Државниот натпревар во пишување есеј на француски јазик нашите ученици го постигнаа следниов голем успех:

Прво место за ученичката Мила Калајџиева од III-3 клас.

Второ место за ученичката Солунка Јовова од III-3 клас.

Трето место за ученичката Алма Усеин од I-4 клас.

Ученичките беа предводени од нивниот ментор, професор Нада Божијанова.

20160314_095728

 

 

975 Вкупно 1 Денес