Најчесто учениците се оние кои освен во училиштето, своите вештини често ги истакнуваат на различни вон-школски активности. Од друга страна пак, професорите се оние кои во очите на учениците секогаш имаат улога на строги педагози, нивни оценувачи и личности кои треба да се од другата страна на катедрата.
Денешната струмичката манифестација „Ајверијада 2013“ прикажа голем дел од наставничкиот кадар во едно поинакво светло.
Нашето училиште на плоштадот имаше поставено свој штанд преполн со домашен ајвар, специјалитети и солени јадења. Професорките со престилки и многу позитивно расположение ја декорираа богатата трпеза, мачкаа парчиња леб од свој
ата домашна зимница и ги послужуваа останатите свои колеги, своите ученици и останатите посетители.
ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ШТАНДОТ НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ (КЛИК)
Се избраа најдобрите три струмички ајвари, се намачкаа над 10.000 парчиња, се изедоа 10 торти, се отпејаа многу песни, се одиграа ора со Ансамбл Тримери.
Ваквиот настан кој во Струмица се организира по трет пат е меѓу омилените на професорките-домаќинки па затоа и земаат учество секоја година, а за учениците ретка можност да ги видат своите „строги“ професори во поопуштена варијанта.