Изработен сајт за Македонија за CyberFair 2013 натпреварот

Нашите ученици секоја година аплицираат на интернационални натпревари за изработка на веб-сајт.land of the sunМладите од цел свет имаа задача да изработат оригинален сајт за 18-тото издание на натпреварот CyberFair2013 на тема Youth Connecting Community (Mладинско поврзување на заедницата).

Годинава организаторите понудија осум подтеми за изработка на веб-сајт, а нашите ученици избраа да пишуваат за Историски знаменитости и да бидат амбасадори кои најдобро ќе ја претстават Македонија – земја на сонцето!

Изработката и пријавувањето на сајтовите траеше до 21 март 2013 години, а организаторите ги објавија сите 230 пријавени проекти.

Марија Јанушева, Тијана Пецанова, Софче Веладинова и Славица Стојменова ја сочинуваат екипата која вредно го подготвуваше сајтот за сопствената земја. Со помош на професорката Софија Тошева аплицираа на натпреварот, го искористија своето знаење и ги промовираа историјата, културата и убавините на Македонија.

КЛИКНЕТЕ ОВДЕ и погледнете како изгледа сајтот со којшто нашето училиште учествува на CyberFair2013 натпреварот.

Им посакуваме среќа!