Јордан Иванов е во конфликт со естрадата

Младите афро-американци од Њујорк започнале култура со засилено ритмично рецитирање, DJ продукција, брејкденс и графити. Денес тоа во светот е познато како хип хоп. snimanje

За нашиот денешен соговорник Јордан Иванов од втора година тоа не е само култура составена од овие четири елементи која ја запознал пред 10-тина години туку нешто многу посуштинско.

„Лично мене ми е секојдневие, начин на размислување, изразување, страст, начин на интерекција со општеството. Хип хопот е посебно училиште кое ме изгради во личноста која сум денес“, ја започнува својата приказна за неговата

Хип хопот со мала застапеност се изучува и во средното, но и покрај тоа сликата која е создадена кај обичниот народ е искривена и тој се гледа само преку призмата на парите во склоп на музичката индустрија која си го „вози“ својот воз.
Токму затоа Јордан има своја група наречена Конфликт која е во вистинска одбрана на рапот од оние кои го користат како полесен начин за да се дојде до пари.

Преку разговорот со младиот вљубеник во оваа култура научивме дека хип хопот не е само улица и точка. Научивме дека не е ниту толку црн како што е прикажан пред пошироката маса народ.

„Специфично е што можеш најслободно да се изразуваш, без влакна на јазикот, но со цел да се пренесе некоја силна и суштествена порака. Овде доаѓа до израз слободниот стил или freestyle што дозволува на некаков бит да рецитираш сè што доаѓа на ум притоа римувајќи одредени зборови за да се подигне атмосферата меѓу слушателите“, ни раскажува ученикот од втора година.

Можеби неговиот музички стил е поразличен од неговите врсници и затоа се обидовме да откриеме зошто посветува толку внимание и енергија на хип хипот.
„Животот на артистите на парче музика полн со искреност е тоа што ме привлекува да слушам ваква музика. Се соживувам со нивните стихови и едноставно го сакам тоа!“, раскажува искрено.

Јордан е убеден дека секој рапер мора сам да си ги пишува текстовите ако сака да се класифицира како таков, а во спротивно не е вистински рапер!  Ние му веруваме затоа што тој вредно се обидува да го достигне тоа ниво со своите стихови. Го сака творењето, му оди римувањето и бара пат до слободата. За пишување го инспирираат повеќе работи: некои незадоволства, задоволства, политика, клупа, улица, другарство, настани, сиромаштија, поезија, пари.

За македонската хип хоп сцена знае народски да каже дека е „10-ка со кромид“, во превод – најдобрата рап музика на Балканот.

„Виновници за квалитетот се Дивизија, Tha Titanium, Зад аголот, Легијата, Ортографија, Подземан ефект. Сè е реално – нема веќе фејк!“, вели Иванов за неговите македонски колеги.

Полека, но сигурно собира искуство во музичката продукција снимајќи неколку свои текстови во аудиски снимки што е поинакво доживување отколку опуштената домашна атмосфера.

„Како и секој уметник мора и овде да постои инспирација. Останатото е начин на „возење“ на ритамот, но и многу вежбање за тоа што го кажуваш да прозвучи со сите потребни емоции за да се долови вистинската приказна и поента“, раскажува Јордан за трите негови аудиски снимки.

Тргнувајќи по примерот на неговите омилени Tonyo San и El Borracho од Македонците, заедно со R.A. The Rugged Man од странските и тој има свое уметничко име. Јордан Иванов или Спит е бунтовникот, потенцијален веб девелопер, надежен глумец и иден ракометар.

„Моето уметничко име е кратенка од Шпирт – скратено на четири полесни букви. Идејата ми дојде додека играв со ќибрит и преносното значење е дека сум мирен, но во мене се крие оган“, со насмевка раскажува младиот талент.

Да, негово хоби е правење веб-страни, односно забавување со HTML & CSS, а сака и да се најде во главните улоги на некое филмско сценарио. Освен за музиката малку позборувавме и за неговите училишни обврски и случајно го откривме неговиот омилен предмет.

„Дефинитивно омилен предмет ми е географија и најверојатно заради професорот Костадин Каркаљашев. Сакам да учам сè, ама почесто надвладева мрзата“.

Тогаш кога успева да ја порази мрзата излегуваат голем број стихови кои ги чува во своите фиоки и фолдери. Еден досега необјавен текст споделува специјално со нашите читатели:

Под ова небо
Ѕвезден град,
гладијаторска арена над гратскиот плоштад,
а секоја ѕвезда е толку инспиративна
што го пробива облакот кој над градот ни се дигнал.

Ветрот тивко свирнал и ја прави мелодијата,
ритамот го прави дождот кој капка по чаршијата,
некому му идат мисли од ракијата,
некој пак мисли како да ја плати киријата.

Таму доле некаде во градот,
таму крадците се кријат во чадот,
а секој џабдар е толку многу сакан,
во моментите кога се држи спреј во рака.

Има и луѓе со мисли за утре,
ултрас екипа – градот во срце,
би сакал ли нешто вакво?

Ако сакаш повели,
ова е Струмица нашето царство!