Која е причината за продолжениот викенд?

Првиот неработен ден во месец септември ќе биде овој понеделник, 8-ми септември со што добиваме викенд со 3 дена, познат како продолжен викенд. mkflag„Понеделник е празник затоа што не се учи“, велат група ученици запрашани зошто го празнуваат 8 септември.

Празнуваме затоа што не одиме на училиште или за независноста?
На 8 септември 1991 година убедливо мнозинство – 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

Кое е значењето?
Пред 23 години Македонија добива сувереност, независност и самостојност.

Како се прославува?
Неработен ден наменет за сенароден собир, концерти, спортски настани, одбележување во македонските амбасади низ светот.