Конкурс: Ние зад маски

ЛУБ Благој Јанков Мучето во соработка со Организациониот одбор на струмичкиот карневал распишува конкурс на тема КАРНЕВАЛ – НИЕ ЗАД МАСКИ.karnevalСредношколците може да конкурираат со литературни творби (поезија, проза, афоризми и сатира) посветени на карневалот сè до 7-ми март.

Творбите во шифрирана форма треба да се достават во три испечатени примероци до ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ – Струмица со назнака: за литературна награда, во архивата на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ – Струмица, или по пошта на адреса ул. „Благој Мучето“ бр. 26.

Предвидени се три награди, а тие се состојат од диплома и вредносен предмет (книги).