Кристина Стојчева меѓу најдобрите македонисти на регионалниот натпревар

На 4 април беше одржан регионален натпревар по македонски јазик и литература. Натпреварот се одржуваше во осум региони. Во регион 6 се натпреваруваа ученици од Радовиш, Штип, Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Конче, Карбинци и Лозово. Натпреварот беше одржан во просториите на ОУ ”Крсте Петков Мисирков”- Радовиш.

На регионалниот натпревар по македонски јазик и литература, учесниците од Струмица се здобија со најголем успех и остварија најдобри резултати. Нашата ученичка Кристина Стојчева под менторство на Катерина Милушева, го освои третото место. За конечните резултати за пласирање на државен натпревар сме во исчекување.