Македонската амбасада во Шпанија ги поздрави учениците на купот во Барселона

Вчера официјално започна полуфиналниот натпревар на Светскиот ученички куп во Барселона каде што учествуваат повеќе од 5.000 ученици од над 50 земји, а меѓу нив се и 26 наши ученици кои заедно со уште 17 ученици ја претставуваат Македонија.

На отворањето на натпреварот учествуваше и Тина Џеповска, претставничка од македонската амбасада во Шпанија која одржа поздравен говор пред учениците и професорите од Македонија кој учествуваат на натпреварот.

Учениците од Македонија се квалификуваа за полуфиналниот натпревар во Барселона преку локалната рунда во Струмица која се одржа во април оваа година, а беше на иницијатива на нашето училиште по успесите на три наши ученички минатата година.

Оваа полуфинална рунда во Барселона ќе трае до 27 јули и се одржува на Меѓународниот конвенционален центар, сместен покрај брегот на Средоземното Море, а најдобрите на истата ќе се квалификуваат за финалниот натпревар кој секоја година се одржува на Јејл универзитетот во Њујорк.