МАССУМ: Да бидеме хумани!

Периодот на новогодишно-божиќните празници ја буди топлината во нашите срца која сакаме да ја подариме заедно со уште многу љубов, среќа и здравје за оние кои им е најпотребно.massum
Членовите на МАССУМ организираат хуманитарна акција за донирање облека (капа, шал, ракавици, чорапи).

Сите хумани ученици може да донираат во просториите на кабинетот по македонски јазик (кабинет број 2, кат I), секој ден од 12:30 до 13:30 часот.

Донираните пакетчиња облека ќе бидат подарени во заводот за деца со посебни потреби „Бања Банско“.