Матурантите сакаат да бидат лидери и претприемачи, ама како?

Главната движечка сила во секоја економија е претприемништвото, а со развојот на претприемништвото  се јавува потреба од создавање лидери.predavanje2Токму на таа тема во петокот зборуваше предавачот Зоран Витанов на предавањето наменето за учениците од четврта година, чијашто возраст е најдобра за тие по заминувањето од средношколските клупи подобро да се запознаат со овие просперитетни и препорачливи занимања. 

„На Македонија, Европа и светот им недостига лидерство, лична иницијатива, самодоверба. На оваа возраст на младите им треба надоградба на самодовербата, визија и познавања во областа на претприемништвото. Многу анкети во нашата земја кажуваат дека младите попрво би се вработиле за 300-400 евра плата отколку да преземат иницијативи за свои бизниси“, изјави Витанов за медиумите.

Тој преку отворена дебата и дискусија придонесе за поттикнување и будење на лидерот во матурантите, создавање нивно критичко размислување, поставување долгорочни цели.

Според предавачот Зоран Витанов образованиот процес е затворен во однос на поопширни знаења на учениците во овие области.