МИО: Работилница за интерактивни презентации

Претставниците од училиштата присуствуваа на работилница која го опфаќаше токму тоа што учениците постојано го бараат од професорите – поинтересни презентации.rabotilnicakreativnoДенес во малата сала на Дом на АРМ присуствуваа претставници од Македонскиот Институт за медиуми како дел од активностите предвидени од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

Темата на работилницата беше Ефикасни интерактивни презентации во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието.

На овој начин, проектот помага во надоградба на вештините за презентирање, начините како најдобро да се презентира материјалот до учениците, ама и најразбирливо за да допре до сите целни групи вклучени во образовниот процес