Последниот координативен состанок од проектот My Digi Edu World се одржи од 21-24 Август 2023 во Мугла-Турција. На истиот се финализираа деталите за завршување на проектот и се утврди планот за дисеминација на истиот.
Беа утврдени резултатите, секоја партнер организација имаше презентација, свое излагање за стекнатите искуства и придобивки од проектот.
Заклучоците беа дека ова е одлично реализиран проект.
На сите учесници им беа доделени сертификати за присуство.
На завршниот состанок присуствуваа претставници од сите партнер држави во проектот Македонија, Грција, Турција, Бугарија, Латвија и Полска.
Проектот официјално завршува на 31 Декември 2023 година.