STEMBot – проект

Развојот на проектот STEMBot , од Еразмус + програмата , во кое нашето училиште СОУ Јане Сандански е активен партнер воизработка на сите материјали , почна да резултира со готови производи , кои овозможуваат еден сосема нов приод кон предметите од областа на природните науки и математика.

Со користење на Четбот  , компјутерска програма која користи вештачка интелигенција, дизајнирана за користење во СТЕМ предметите , се овозможува директна конверзација со учениците. Се поттикнува креативноста, слободата на истражување и учење преку експерименти , како и се олеснува процесот на учење .

Досега изработени се:

– Збирка од 20 видео туториали со научни експерименти базирани на природните науки кои се забавни и едукативни . Видеа со експерименти

– Лекции соодветни на експериментите Лекции

 Прирачник за користење на СТЕМбот направен со помош на стручна литература и препораки од стручни лица. Педагошки прирачник

Сите материјали се достапни за користење преку соодтвените линкови. Во тек е и изработка на прирачник кој ќе овозможи наставниците да можат сами да креираат таков вид настава.