Нашето училиште на меѓународен форум во Белград и Зајечар

Од 6-11 април во Белград и Зајечар ќе се одржи вториот меѓународен форум на УНЕСКО.unescoКако претставници од Македонија на овој форум ќе присуствуваат ученици од нашето училиште и од СУ „Раде Јовчевски – Корчагин“ – Скопје.

Училиштата треба да се претстават со предлог-проекти, кои ќе се презентираат на форумот. Нашите претставници ќе презентираат проект со наслов „Истражување и промовирање на локалитете кои се наоѓаат на привремената листа на светско, културно и природно наследство на УНЕСКО.

Да им посакаме среќа на нашите претставници за успешна презентација, а со тоа и успешна промоција на училиштето!