Oбјава за Награден конкурс за 2015 година за литературна творба(проза и поезија) посветена на карневалот во Струмица

winn

Објава за Награден конкурс за 2015 година за литературна творба(проза и поезија) посветена на карневалот во Струмица.
Конкурсот е отворен за сите вљубеници на пишаниот збор од сите основни и средни училишта и возразни творци од Р.Македонија.

Со литературна творба (поезија и проза) посветена на карневалот во Струмица, може да се конкурира во три категории, за ученици од основно и средно образование како и за возрасни автори.

За секоја од трите категории ке се доделат: прва, втора, и трета награда.

Литературните творби посветени на карневалот во Струмица треба да се достават в0 3 (три) печатени примероци, со шифрирана форма и тоа: во посебен плик да се стават податоците за авторот и пликот да е затворен и на него да се напише шифрата. Творбата и пликот со податоците за авторот да се стави во друг плик на кој ќе е напишана адресата: Локална Установа Библиотека “Благој Мучето” Струмица ул. “Благој Мучето” бр. 26 Струмица, со назнака на горниот десен агол ” Конкурс за доделување на награда за литературен состав посветен на карневалот во Струмица” и шифрата.

2062 Вкупно 2 Денес